Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
Latest imagesБарајHomeFunMK ПорталGalleryРегистрирајте сеВлез

 

 Пубертет...

Go down 
АвторПорака
FunMK
Господин Началник
Господин Началник
FunMK



Пубертет... Empty
ПишувањеПредмет: Пубертет...   Пубертет... EmptyСаб Мај 02, 2009 8:36 pm

Пубертет е процес низ кој под дејството на хормоните, телото на девојчињата и момчињата се менува и созрева. Вашето дете ќе созрее од дете во жена односно маж.

Кога се јавува?
Обично, кај девојчињата започнува порано отколку кај машките. Постои широк ранг на возраст, на која може да започне. Кај девојчињата најчесто започнува помеѓу 9 и 13 години. Кај момчињата помеѓу 10 и 16 години. Најчесто започнува во исто време како што било кај родителите.

Кои промени се очекуваат кај девојчињата?

* Обично прво се зголемуваат градите.
* Се појавува влакнетост на пубичната регија ( подрачјето помеѓу нозете) и под пазувите.
* Мирисот на телото станува посилен.
* Кожата станува помасна. Се јавуваат бубуљици (акни).
* Започнува да добива во тежина, особено околу колковите.
* Започнува забрзано да расте во висина.
* Потоа ја добива првата менструација и започнува менструалниот циклус. Обично ова се случува, во тек на 2 години откако започнале да растат градите.

Кои промени се очекуваат кај момчињата?

* Расте пенисот и тестисите (јајценцата). Ова е обично првата промена.
* Станува влакнест на рацето, лицето, нозете и во пубичното подрачје (подрачје помеѓу нозете).
* Кожата станува помасна. Може да му се јават мозолки (акни).
* Мирисот на телото се засилува.
* Пораснува во висина. Рамената му се прошируваат.
* Започнува да добива во тежина.
* Гласот се задебелува.

Колку трае пубертетот?
Може да трае и до 8 години. Кај некои луѓе завршува побрзо. Кај други тече поспоро.
Вратете се на почетокот Go down
 
Пубертет...
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Живот :: Дом и семејство-
Отиди до:  
Free forum | ©phpBB | Free forum support | Report an abuse | Cookies | Latest discussions