Nokia го објави својот најнов мобилен телефон, моделот 6212
classic, кој меѓу другото може да се пофали и со поддршка за near field
communication (NFC), oдносно со наредната генерација на мобилно
поврзување базирано на Bluetooth.
Бидејќи NFC сеуште не е раширен, за идните корисници на овој модел
повеќе значење ќе имаат податоците дека ова е quad-band GSM/GPRS/EDGE
телефон со поддршка за dual-band UMTS, има TFT дисплеј со големина од 2
инчи и QVGA резолуција, 2 мегапикселна камера и слот за мемориска
картичка до 4 GB.
Nokia 6212 classic работи на Symbian S40 платформата, има поддршка за
стерео Bluetooth и вградено FM радио, а на пазарот ќе се појави во
третиот квартал од годинава.