Предмет: Како да управувате со вашиот мозок? Саб Мај 02, 2009 11:44 pm
Прво да ве запознаам со Timothy Leary.
Др.Timothy Leary,(1920-1986) Докторираше во полето на психологијата на универзитетот во Калифорнија,Беркли (1950)....Предаваше на Харвард (1959-1963), За него може да се каже дека беше психолог,филозоф, истражувач, професор,револуционер и прв човек чии посмртни останки беа лансирани во вселената.
Но покрај сето тоа, тој беше адвокат на психоделичните дроги и токму таа професија му донесе многу слава.Многумина знаат да кажат "ееее, ти знаеш ли кој е Albert Hofmann (човекот кој го пронајде LSD-то)" ама малкумина знаат за тоа кој е Timothy Leary .Човекот кој го проучи LSD-то и многу други психоделични дроги.Своевремено тие супстанции не беа забранети.Во тој период Тимоти направи масовна пропаганда на овие дроги.Но всушност не беа дрогите што тој сакаше да им ги покаже на светот.Тој тоа го гледаше како медиум преку кој ќе може послободно да оствари комуникација со луѓето.Се што имаше да каже е дека се имаме навикнато на овој стереотипен начин на живот што не ни замислуваме дека може поинаку.Тој сакаше да ја сподели својата филозофија за животот со другите.
Човеков има изработено филмови кои своевремено ги има прикажувано на Американските филмски платна со цел да им го долови ефектот на LSD -то на публиката. Епа ете едно такво видео.
Коментари од типот Дроги "А" "У" не се добродојдени.Слушнете убаво што има човекот да каже и ќе биде убаво да продискутираме околу тоа.(Во видеото никаде не се спомнуваат дрогите)
Моите омилени зборови од него се..Тој што го контролира вашето око , тој го контролира вашиот ум!!!